MKinformer

your daily dose of news

Оптичка илузија што го „полуде“ интернетот: Колку лица ќе успеете да забележите за 10 секунди?

27/08/2025 19:00

Во време кога виралните предизвици се менуваат од ден во ден, една стара загатка повторно стана хит на социјалните мрежи. Станува збор за оптичката илузија позната како „Дрво на лица“, која ги тера гледачите да бараат скриени портрети во гранките и лисјата на едно наизглед обично дрво.

Она што ја прави оваа слика особено мистериозна е нејзината историја. Имено првпат се појавила уште во 1880-тите, во американското списание Harper’s Illustrated.

Иако делува како едноставна илустрација на дрво, внимателните очи откриваат дека меѓу сенките се скриени најмалку десет, а можеби и единаесет лица на поранешни светски лидери.

Според тврдењата што кружат на интернет, само 1% од луѓето можат да ги забележат сите лица за помалку од 10 секунди. Токму тоа ја прави оваа загатка вистински предизвик и причина за масовна дискусија на интернет.

А вие?

Колку лица успеавте да пронајдете во „Дрвото на лица“?

error: Содржината е заштитена од копирање !!