MKinformer

your daily dose of news

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица: празник на надежта за вечен живот

28/08/2025 8:18

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, познат во народот и како Голема Богородица. Овој празник, кој се слави секоја година на 28 август, е посветен на заспивањето и вознесението на Мајката Божја.

Според црковното предание, по завршувањето на својот земен живот, Пресвета Богородица не останала во гробот, туку со тело и душа била вознесена на небото. Затоа, верниците со голема почит и радост го празнуваат овој ден, кој е симбол на надежта за вечен живот.

Целиот нејзин земен живот бил исполнет со молитви, кротост, трпение и грижа за апостолите на Христос. Таа често ги посетувала светите места во Јерусалим, Голгота, Витлеем и Елеонската Гора, молејќи Му се на Бога да ја земе од овој свет. Архангел Гавриил ѝ се јавил и ѝ објавил дека ќе се упокои по три дена, подарувајќи ѝ палмова гранка како знак на победа над смртта.

Апостолите чудесно биле собрани за нејзиното упокоение, а телото со благоухание било положено во гробницата во Гетсиманија. Но, кога апостолите го отворија гробот три дена подоцна, најдоа само плаштаница – знак дека таа со тело и душа била вознесена на небото.

Според црковната традиција, Богородица имала повеќе од шеесет години кога се упокоила. Нејзиното вознесение останува голема тајна и надеж за сите христијани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!