(Скандалозно Видео) Спасен Сиљановски се жали за српски пејачи на „Тиквешки Гроздобер“, а во кафана со душа пее српски песни
29/08/2025 18:46
По јавната кавга на социјалните мрежи меѓу пејачот Спасен Сиљановски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, случајот доби ново продолжение, со појавувањето на снимка на Социјалните мрежи, емитувана од потралот 24инфо.
Имено, Сиљановски јавно се пожали дека не бил поканет да настапи на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, обвинувајќи дека причината е неговиот „патриотски репертоар“. Истовремено, тој ја критикуваше општината дека ангажирала српски пејачи наместо домашни изведувачи.
Но, само неколку дена подоцна, на интернет се појави видео кое целосно ја руши неговата реторика. На снимката, Спасен Сиљановски во кафана со цела душа изведува српски песни и тоа многу посилно и поубаво отколку што ги пее македонските.
Овој контраст меѓу неговиот јавен патриотизам и приватната „кафанска реалност“ предизвика бројни реакции, па дел од јавноста го оцени како лицемерие.
Наместо да ја брани македонската музика со пример, Сиљановски се најде фатен во сопствената противречност: на сцена бара патриотизам, а зад микрофон во кафана, српска музика му е на срце. Со тоа, неговата критика кон организаторите на „Тиквешки Гроздобер“ и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, изгледа повеќе како лична навреда отколку како принципиелен став.






