MKinformer

your daily dose of news

Јанчев најави рестартирање на ФЕНИ: Во Кавадарци се враќаат над 670 работници во две фази

31/01/2026 12:43

Гигантот од Кавадарци, Golden Eagle (поранешно ФЕНИ), повторно ги отвора вратите за работниците, најави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Рестартирањето на фабриката ќе се одвива во две фази и, како што истакна Јанчев, директно ќе ја обезбеди егзистенцијата на стотици семејства во регионот.

Според најавениот план, во првата фаза на работа ќе се вратат 170 работници, додека во втората фаза ќе бидат ангажирани уште околу 500 лица. Со тоа, постепено ќе се нормализира производствениот процес и ќе се зајакне локалната економија.

„Во април е планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе бидат ставени во функција. Оваа фабрика повторно се активира за доброто на граѓаните и локалниот економски развој“, истакна Јанчев.

Градоначалникот упати благодарност за успешната координација и поддршка од Влада на Република С. Македонија, премиерот Христијан Мицкоски, Комерцијална банка и раководството на компанијата, нагласувајќи дека токму оваа соработка овозможила надминување на клучните пречки за повторно вклучување на печките.

Рестартирањето на „Golden Eagle“ се оценува како еден од најзначајните економски потези за Тиквешијата во последните години, со потенцијал за стабилизирање на пазарот на труд и зголемување на индустриското производство во регионот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!