Новак Ѓоковиќ во осминафинале на УС Опен по победата над Камерон Нори
30/08/2025 11:15
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на УС Опен, откако синоќа го совлада Британецот Камерон Нори со резултат 6:4, 6(4):7, 6:2, 6:3.
Седмиот тенисер на АТП листата стигна до триумф над 35. рангираниот Нори по два часа и 49 минути игра.
Следен противник:
Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе се соочи со Германецот Јан-Ленард Штруф (АТП-144), кој во три сета успеа да го елиминира Американецот Френсис Тиафо.
Ова е уште еден чекор напред во настапот на Ѓоковиќ во Њујорк, каде што ја брка својата нова голема титула.






