(ВИДЕО ВО ЖИВО) Неодговорното палење пластика од Ромите во Вардариште ги стави Аеродром и Лисиче во хаос
31/08/2025 18:41
Општина Аеродром и делови од Ново Лисиче денес се соочија со сериозна криза, повеќе од еден час граѓаните се без електрична енергија, а дополнителен проблем предизвика голем пожар што избувна на некогашната депонија Вардариште.
Иако првично причините беа непознати, според локални жители пожарот започнал во Вардариште, каде група Роми палеле пластика и отпад. Нивното неодговорно однесување довело до ширење на огнот кој брзо излегол од контрола и дополнително ја влошил состојбата.
Од ЕВН информираа дека прекинот на струјата е резултат на дефект во 110kV трафостаница „Аеродром“, и нивните екипи веднаш биле испратени на лице место за санација. Истовремено, противпожарни екипи интервенираат за локализирање на пожарот кој предизвика вознемиреност кај жителите.
Граѓаните револтирано предупредуваат дека ваквите намерни палења на отпад се чест проблем во Вардариште и со години никој сериозно не реагира. Последиците, како што се покажа вечерва, можат да бидат опасни по целата општина.






