11 милиони евра испариле, а учебници нема, каде завршија парите?
06/09/2025 11:25
Новата учебна година во Македонија започна со скандал од невидени размери – илјадници ученици влегоа во училишта без учебници. Ветувањата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека секое дете ќе добие нови наставни материјали, останаа само празни зборови.
Министерката за образование Весна Јаневска јавно призна дека учебници нема, иако државата веќе потрошила повеќе од 11 милиони евра. Родителите сега се приморани сами да печатат материјали од Вибер-групи – апсурд кој го понижува целиот образовен систем.
Недостигот е алармантен: нема учебници по математика и историја за 8-мо одделение, недостигаат материјали по хемија, физика, странски јазици, а состојбата во стручните училишта е уште потешка. Таму цела генерација ученици немаат книги по предмети како управно, процесно и државно уредување.
Единствено учениците од прво до трето одделение добија учебници, додека четврто и петто одделение се соочуваат со целосен хаос.
Одговорноста е јасна – министерката Весна Јаневска и премиерот Христијан Мицкоски не само што не исполнија ништо од ветеното, туку ги излажаа и оставија на цедило учениците, наставниците и родителите.






