MKinformer

your daily dose of news

Фон дер Лејн телефонски му ветила на Трамп дека ЕУ ќе престане да купува руска нафта и гас

17/09/2025 9:43

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на „Х“ соопшти дека разговарала по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп и дека наскоро ќе биде претставен 19-тиот пакет санкции против Русија.

Таа во телефонскиот разговор објави дека му ветила на американскиот претседател Доналд Трамп дека ЕУ ќе престане побрзо да купува руска нафта и гас, објави ДПА.

Новите мерки, според Фон дер Лајен, ќе бидат насочени кон криптовалутите, банкарскиот систем и енергетскиот сектор – со цел дополнително ограничување на приходите што Москва ги користи за финансирање на војната во Украина.

„Воената економија на Русија, поддржана од приходите од фосилни горива, го финансира крвопролевањето во Украина. За да го запреме ова, Европската комисија ќе предложи забрзување на постепеното укинување на увозот на руски фосилни горива,“ напиша Фон дер Лајен.

ЕУ веќе воведе забрана за увоз на најголемиот дел од руската нафта, со што нејзиниот удел се намали од 29% во 2021 година на само 2% во средината на 2025 година. Целта на Унијата е целосно да прекине со купување на руска нафта и гас до крајот на 2027 година, но Фон дер Лајен нагласи дека Брисел сака да ја постигне оваа цел уште порано.

Од своја страна, претседателот Трамп претходно побара од ЕУ да престане да увезува руска нафта пред САД да воведат дополнителни санкции.

error: Содржината е заштитена од копирање !!