MKinformer

your daily dose of news

Сиљановска-Давкова со порака пред светот: „Потребна ни е политика како уметност на можното“

02/10/2025 15:38

На меѓународниот состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова испрати силна порака пред светските лидери дека Македонија и целиот регион имаат потреба од политика која надминува дневнополитичките игри и партиски интереси. „Потребна ни е политика како уметност на можното, а не само натпревар кој победува“, истакна таа, нагласувајќи дека политиката треба да се води со визија, смисла и одговорност кон граѓаните.

Сиљановска-Давкова додаде дека кантијански принципи и етика треба да ја заменат макијавелистичката логика во политичките процеси, потенцирајќи дека лидерството во денешниот свет бара разум, прецизност и посветеност кон општото добро.

Претседателката ќе учествува на панелот „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, кој го водат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама, а вечерта ќе присуствува на официјалната вечера организирана од данскиот крал Фредерик Десетти и кралицата Мери, каде ќе се дискутираат важни теми како поддршка за Украина и европската безбедносна ситуација.

Ова е уште еден момент во кој Сиљановска-Давкова го претставува гласот на Македонија пред светската јавност, промовирајќи политика која води кон можности, а не кон поделби.

error: Содржината е заштитена од копирање !!