Александар Трајановски: Го знам Скопје одвнатре, ги знам решенијата за секој негов проблем
06/10/2025 12:22
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски, со јасна и аргументирана порака до скопјани порача дека Скопје може и мора да се води со знаење, искуство и реални решенија, а не со празни ветувања.
Во својата најнова објава, Трајановски потсети дека подземната сообраќајница кај „Лимак“ е проект што одамна е подготвен и ќе биде реализиран без разлика кој ќе го води градот, бидејќи истиот е завршен во времето на Петре Шилегов, а договорите се потпишани и тендерирани за време на Данела Арсовска.
„Јас сум човек кој го знае секој проблем на Скопје. Не од далеку, туку одвнатре. Долги години бев дел од Советот на Град Скопје и заменик градоначалник, и затоа ги знам сите процеси, сите пречки и сите можни решенија“, нагласи Трајановски.
Со оваа порака, тој уште еднаш ја истакна својата посветеност кон вистински развој на градот, заснован на работа, континуитет и одговорност. Неговиот пристап се темели на искуство, институционално знаење и желба да го врати Скопје во рацете на луѓе што го познаваат секој негов агол и секој предизвик.





