MKinformer

your daily dose of news

Денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштените лица

01/11/2025 10:25

Денеска, сабота 1 ноември е ден на изборен молк за вториот круг од локалните избори.

Вториот круг ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови.

На овие избори ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани.

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4 826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии. Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници.

Изборната кампања за вториот круг од изборите заврши синоќа на полноќ, и ќе трае до утре до 19 часот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!