УТРОВО ВО СЕЛОТО ВЛЕГОА СПЕЦИЈАЛЦИ – ИМА МРТВИ, НАД 15 ЛИЦА СЕ РАНЕТИ: Кавга меѓу све семејства која тлеела со години заврши со стравично крвопролевање…
02/11/2025 16:18
Две лица загинаа, а повеќе се повредени во масовна вооружена пресметка меѓу две семејства што вчера ескалирала во селото Вориција на грчкиот остров Крит, недалеку од Ираклион, пренесуваат грчките медиуми.
Инцидентот започнал кога членови на едно семејство упаднале во имотот на друго, по што биле испукани над 2.000 куршуми, меѓу кои и од автоматско оружје и сачмарки. Според првичните полициски извештаи, во престрелката загинале 57-годишна жена и 39-годишен маж, а бројот на повредени се уште не е точно познат — локалните медиуми јавуваат за најмалку 15 ранети.
Полицијата наведува дека причината за конфликтот засега не е позната, но дека настанот се случил само неколку часа откако била минирана семејна куќа во изградба. Некои извори тврдат дека жената починала од срцев удар поради стрес, додека други информираат дека била рана со огнено оружје.
Дел од жителите успеале да избегаат од селото, а други се заклучиле во своите домови додека траела престрелката. Околу пладне, специјални полициски единици влегле во Вориција и ја прекинале размената на оган, со што било избегнато поголемо крвопролевање.
И покрај тоа, пукањето продолжило и во околните подрачја, а полицијата извршува претреси по куќите во потрага по оружје и можни сторители. Началникот на грчката полиција е испратен на терен со дополнителни сили за смирување на состојбата.
Овој инцидент доаѓа само неколку недели по друго убиство на Крит, кога 23-годишен маж застрела 52-годишен човек на селски фестивал. Локалните медиуми потсетуваат дека нелегалното поседување оружје и крвните одмазди се честа појава во некои делови од островот, каде што традиционалните прослави неретко завршуваат со насилство.






