Костадин Ацевски си поднесе оставка од претседател на СДСМ О.О. Ѓорче Петров
03/11/2025 11:11
Ден по вториот круг од локалните избори, во СДСМ се случи уште една оставка.
Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, објави дека се повлекува од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ.
Во видео обраќање, Ацевски порача дека презема одговорност за изборниот резултат и побара оставки и од другите раководни структури на партијата.
„Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати, туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период,“ изјави Ацевски.
Ова е втора оставка во партијата по изборниот пораз, откако дел од локалните ограноци веќе најавија дека ќе побараат внатрепартиска анализа и реорганизација.






