MKinformer

your daily dose of news

Поднесени 16 приговори за Карпош, Шутка и Бирвеница до ДИК за вториот круг од локалните избори

05/11/2025 13:04

Партиите и кандидатите бараат повторно разгледување на резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош — седницата за одлучување се очекува утре.

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска претпладне се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори што се одржа на 2 ноември.

Рокот за поднесување приговори истекува денеска во 16:30 часот, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите.


📍 Приговори во Брвеница

Хаким Рамадани, поддржан од коалицијата Влен, поднел приговори за повеќе избирачки места (2032, 2033, 2034 и 2035) во општина Брвеница.
Во оваа општина, победа во вториот круг однесе Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 4.374 гласа, додека Рамадани доби 4.224 гласа.


📍 Приговори во Шуто Оризари

Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за избирачки места во Шуто Оризари, меѓу кои 2956, 2971/1, 2973 и други.
И Сојузот на Ромите поднел приговори за местата 2966, 2962 и 2961.

Во оваа општина победник е Курто Дудуш од Унијата на Ромите со 3.894 гласа, додека неговиот противкандидат Ерџан Демир од коалицијата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ освоил 3.406 гласа.


📍 Приговори во Карпош

Коалицијата „Искуство за успех“, која го поддржуваше Стевчо Јакимовски, поднела приговори за избирачките места 2631 и 2613.
Во Карпош победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, со 13.512 гласа, додека Јакимовски освои 12.378 гласа.


🏛️ Одлука утре

Од ДИК информираат дека седницата за разгледување на поднесените приговори најверојатно ќе се одржи утре, по што ќе бидат објавени официјалните одлуки.

error: Содржината е заштитена од копирање !!