MKinformer

your daily dose of news

МИЦКОСКИ: Беким Сали ќе биде вицепремиер, но не и министер за животна средина

07/11/2025 13:09

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го познава Беким Сали, но демантираше дека постои договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ за кадровски промени во составот на Владата.

„Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ – нема такво нешто,“ изјави Мицкоски.

Изјавата на премиерот следува откако на прес-конференција портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, откако Меџити реши да ја преземе градоначалничката функција во Чаир.

Беким Сали беше министер за здравство од 2022 до 2023 година, кога на таа позиција го наследи Венко Филипче.

error: Содржината е заштитена од копирање !!