MKinformer

your daily dose of news

Истражување: Јавното здравство троши сè повеќе, а нуди сè помалку услуги

11/11/2025 12:05

Центарот за граѓански комуникации го објави најновото истражување за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година, кое покажува дека трошоците значително растат, додека бројот на здравствени услуги опаѓа.

Според податоците, вредноста на јавните набавки во здравството се зголемила два и пол пати, од 126 милиони евра во 2015 година на над 315 милиони евра во 2024 година. Истовремено, бројот на прегледи во клиниките и болниците е намален за 14%, а на болнички денови за 24%.

Истражувањето укажува на можни злоупотреби во тендерските постапки, бидејќи речиси половина од договорите се склучуваат со само еден понудувач. Особено се посочуваат набавките на реагенси, тестови и инсулин, кај кои има слаба конкуренција и недоволна транспарентност.

Центарот предупредува дека растот на трошоците не е проследен со подобрување на услугите, што создава ризик јавните набавки да се користат за финансиско извлекување наместо за унапредување на здравствената заштита.

Целото истражување ,ожете да го прочитате на следниов ЛИНК

error: Содржината е заштитена од копирање !!