MKinformer

your daily dose of news

(ФОТО) Неповолни услови над Скопје: авиони од Берлин, Ајндховен и Цирих слетаа во Приштина

18/11/2025 9:36

Три вечерни лета на авиокомпанијата „Виз ер“, кои вечерва требаа да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување.

Станува збор за летовите од Берлин, од Ајндховен и од Цирих со рути W64740, W64716 и  CSV939 кои околу 18:20, 18:50 и  19:15 часот, по неколку круга над Скопје, чекајки да се подобрат условите за слетување, добиле инструкција да продолжат кон аеродромот во Приштина.

Според метеоролошките податоци, над скопскиот аеродром е регистрирано wind shear – опасно смикување на ветерот што претставува сериозен ризик при слетување на воздухопловите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!