MKinformer

your daily dose of news

Обвинителството без докази се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска

21/11/2025 19:11

Адвокатот Владимир Туфегџиќ денеска за „Скопје1“ потврди дека Јавното обвинителство, во последниот ден од жалбениот рок и непосредно пред крајот на работното време, поднело жалба со која бара укинување на ослободителната пресуда за неговиот клиент Александар Ѓорчевски. Со тоа започнува второстепената постапка во која Апелациониот суд ќе ја преиспитува одлуката на првостепениот суд.

Туфегџиќ најави дека ќе поднесе одговор на жалбата и дека ќе побара јавна седница пред Жалбениот совет на Апелација, нагласувајќи дека очекува судот да ја потврди ослободителната одлука.

„Ќе барам јавна седница на жалбениот совет и очекувам судот да ја потврди ослободителната пресуда токму врз основа на наводите на застапникот на обвинението во завршниот збор, во кој кажа – цитирам – „ако нѐ прашате дали имаме докази против Александар, НЕМАМЕ““, истакна Туфегџиќ.

Александар Ѓорчевски беше обвинет, а потоа и ослободен во случајот за убиството на неговата ќерка Вања Ѓорчевска. Обвинението го поврзуваше со Љупчо Палевски, тврдејќи дека комуницирал со него и му давал информации, но судот оцени дека нема докази кои ја подкрепуваат таа теза.

Апелациониот суд во наредниот период ќе одлучува дали ќе ја потврди или ќе ја поништи ослободителната пресуда.

error: Содржината е заштитена од копирање !!