(ВИДЕО) Ескалира „кравјата криза“ во Крива Паланка: Ќе ја заузда ли некој привилегираната “убавица“
22/11/2025 22:49
„Кравјата криза“ во Крива Паланка доби нова, уште понапната димензија, откако денеска во селото Добровница избувна инцидент меѓу локални земјоделци и сопственичката на кравите кои со години слободно се движат низ подрачјето и предизвикуваат големи штети.
Според снимките и сведоштвата објавени на социјалните мрежи, русокосата сопственичка на добитокот физички нападнала жител – го удрила со бокс, во момент кога земјоделците барале одговорност за уништените насади.
Инцидентот следел откако кравите изеле околу 25.000 килограми зелка, по што оштетените земјоделци ги затвориле животните во штала и повикале инспектори од Агенцијата за храна и ветерина. Додека се чекало институционална реакција, во селото пристигнала сопственичката во обид да го земе добитокот и дошло до физичка пресметка.
Во објавата што кружи на социјалните мрежи се наведува:
„Кравите прават пустош во Паланечките села и градот со години. Совесни земјоделци ја собрале стоката и ги известиле надлежните. Но, сопственичката насилно се обиде да ги ослободи.“
Реагира општината: „Институциите молчат со години“
Градоначалникот на Крива Паланка, според информации за Либертас, повеќе години бара реакција од државните институции, предупредувајќи дека кравите се движат неконтролирано низ селата, влегуваат во градот и создаваат ризик и штета.
Мештаните велат дека добитокот е опасност и за сообраќајот, бидејќи често се движи по меѓународниот пат кон граничниот премин Деве Баир.
Притоа, сопственичката Јулијана, која најголемиот дел од годината reportedly живее во странство, и нејзиниот татко – за кого локалните жители тврдат дека е вработен во МВР – не реагираат на пријавите, ниту на општинските инспекции. Дел од жителите тврдат дека сопственичката има и политичка поддршка, поради нејзиното појавување во спотови на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Земјоделците бараат итна интервенција од институциите и системско решавање на проблемот, пред ситуацијата да прерасне во уште потежок конфликт.
</p>






One thought on “(ВИДЕО) Ескалира „кравјата криза“ во Крива Паланка: Ќе ја заузда ли некој привилегираната “убавица“”
Comments are closed.