MKinformer

your daily dose of news

ЗНМ и УНДП распишаа јавен повик за најдобар новинарски текст или видео сторија за загадувањето на воздухот

26/11/2025 12:41

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објави јавен повик за доделување годишни награди за најдобар новинарски текст или видео сторија посветени на темата „Справување со загадувањето на воздухот, јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“. Повикот се реализира во рамките на проектот посветен на борбата против аерозагадувањето.

Според ЗНМ, право на учество имаат сите новинари чии објавени содржини ги исполнуваат предвидените критериуми. Текстовите или видеата треба да бидат автентични, авторски и изработени во согласност со највисоките етички стандарди, придонесувајќи за подигање на јавната свест за квалитетот на воздухот и загадувањето, но и за потенцијалните решенија за овој долготраен ekолошки проблем.

Условите на повикот предвидуваат медиумскиот продукт да биде:

  • во форма на новинарски текст или видео сторија,

  • објавен на македонски или јазик на етничките заедници (со превод или титл на македонски),

  • пласиран во регистриран традиционален или онлајн медиум во периодот од 1 октомври 2024 до 30 септември 2025 година.

Секој автор може да аплицира со само еден текст или прилог, освен во случај кога станува збор за серија поврзани прилози. Исклучени се сите стории кои биле изработени со поддршка од иницијативата „Справување со загадувањето на воздухот во Р Македонија“ на ЗНМ и УНДП.

Како што истакнува ЗНМ, целта на наградниот повик е да се поттикне поголем медиумски фокус врз темите за аерозагадувањето и локално и национално со надеж дека професионалното новинарство ќе придонесе кон препознавање и промовирање на најдобрите решенија за намалување или ублажување на овој сериозен еколошки предизвик.

Повеќе за јавниот повик прочитајте ТУКА

error: Содржината е заштитена од копирање !!