MKinformer

your daily dose of news

Почна Божикниот пост: 40 дена духовна подготовка до Рождество Христово

28/11/2025 10:29

Православните верници што се водат според јулијанскиот календар денеска го започнаа шестнеделниот Божикен пост, кој ќе трае сè до 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик е фиксeн, постот секоја година започнува на 28 ноември и завршува на Бадник.

Овој 40-дневен пост е востановен по примерот на Христос, кој според Светото писмо постел и се молел 40 дена во пустината. За верниците, постот претставува период на духовно и телесно очистување и подготовка за празникот. Божикниот пост е втор по должина веднаш по Велигденскиот.

Во однос на правилата за исхрана, Божикниот пост се смета за „поблаг“, затоа што дозволува употреба на масло, вино и риба. Според црковниот типик:

  • Понеделник, вторник и четврток се пости на масло

  • Среда и петок се строги пости

  • Сабота, недела и празници е дозволена риба
    За монасите е препорачано дополнително воздржување, додека за верниците со именден или слава е дадено посебно благословение за употреба на риба.

Постот има за цел да го прочисти човекот не само преку воздржување од храна, туку и од негативни мисли, зборови и дела. За време на Божикниот пост, сите славски трпези традиционално се посни.

Божикните пости се споменуваат уште во делата на светите отци од 4 и 5 век, а во 1166 година на Соборот во Цариград било утврдено траењето од 40 дена, наместо првичните седум.

error: Содржината е заштитена од копирање !!