MKinformer

your daily dose of news

Чудо од дете: Белгиски тинејџер, најмлад доктор на науки во светот

05/12/2025 11:55

Белгискиот тинејџер Лоран Симонс, на само 15-годишна возраст, стана доктор по квантна физика, јавува белгискиот „Фокус“. Младиот генијалец од Остенде неодамна ја одбрани својата докторска дисертација, откако претходно ги заврши магистерските студии по физика.

Неговата извонредна академска приказна започнала уште на 11 години, кога дипломирал по физика на Универзитетот во Антверпен, во време кога неговите врсници сè уште учеле во основно училиште. Според медиумите, Симонс го држи рекордот како најмлада личност што докторирала по квантна физика, стекнувајќи статус на едно од најпознатите „чуда од дете“ во светот.

И покрај интензивниот распоред, Лоран открива дека наоѓа време за дружење со своите врсници и дека е голем љубител на видеоигри. „Веројатно сум најмладиот доктор на науки во светот“, изјави тој, додавајќи дека неговата голема цел е развој на технологии кои ќе му помогнат на човечкото тело да го продолжи животниот век, идеја која ја опишува како создавање „суперлуѓе“.

 

Прикажи ову објаву у апликацији Instagram

 

Објава коју дели Laurent Simons (@laurent_simons)

Амбициите на младиот научник не застануваат тука. Следната цел му е докторска титула и во областа на медицината, со фокус на вештачката интелигенција, на што ќе работи заедно со својот татко во Минхен, Германија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!