MKinformer

your daily dose of news

Горан Ангелов – Ќосето на слобода, по 8 години затвор доби условен отпуст за „27 април“

06/12/2025 10:18

Горан Ангелов – Ќосето, осуден во предметот за настаните од „27 април“, по осум години издржана казна денеска е пуштен на слобода со условен отпуст. Тој за МКД.мк ја потврди информацијата и истакна дека отпустот бил одобрен поради фактот што одлежал две третини од пресудената казна – осум од вкупно единаесет години.

Поради бројни здравствени проблеми, Ангелов во изминатите години неколкупати добиваше привремени прекини на казната, но секогаш повторно се враќаше зад решетки. Тој е првиот обвинет во случајот „27 април“ кој добива условен отпуст.

Ангелов од првиот ден тврди дека е неправедно обвинет за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, истакнувајќи дека најтешко му паѓа фактот што е прогласен за терорист. На својот профил на Фејсбук објави симболична фотографија – затворски лисици што паѓаат од неговите раце и бел гулаб како симбол на слобода.

Во случајот „27 април“ вкупно 16 лица добија правосилни затворски казни, кои се движеа од седум до шеснаесет години, за учество во насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, познат како „крвавиот четврток“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!