MKinformer

your daily dose of news

Ивица Томовски возврати: „СДСМ шири клевети – компанијата не е моја, ќе поднесам тужба“

06/12/2025 12:43

Во остро обраќање на социјалните мрежи, директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, жестоко ѝ возврати на СДСМ по денешните обвинувања дека неговото семејство добивало милионски тендери од државни институции и општини под водство на ВМРО-ДПМНЕ.

Томовски тврди дека нападите од СДСМ се „очајнички обид на партија во распаѓање да спасува политички рејтинг“ и вели дека зад прес-конференциите стојат луѓе „кои од Дубаи пишуваат клевети“.

Крадецот вели држете го крадецот – така изгледа нивниот стил“, напиша тој, обвинувајќи ја опозицијата дека со измислици се обидува да ги прикрие „златните визи, модуларната болница, Соравија, плантажите со марихуана и целата корупција што ја оставиле зад себе“.

Тој истакнува дека владеењето на СДСМ оставило „длабоки последици врз државата и институциите“, а партијата денеска продолжува со „безобразни и малициозни конструкции“.

„Немам фирма, ниту удел – ова се чисти клевети“

Томовски категорично ги отфрли тврдењата дека има поврзаност со компанијата што СДСМ ја спомна:

Посочената компанија не е моја. Немам никаква приватна фирма. Единствено сум насочен кон работата како директор на СОЗР. Целиот живот работам чесно.

Тој најави дека ќе преземе правни чекори:
СДСМ ќе мора да се извини — во спротивно ќе поднесам тужба.

СДСМ обвинува: Семејната фирма на директорот на СОЗР, Томовски добила тендери од над 5,3 милиони евра

Порака до јавноста: „Институциите нека проверат сѐ“

Томовски порача дека нема што да крие и ги охрабри сите институции да извршат целосна проверка.

„Не очекувам извинување – за тоа е потребна доблест и морал, а јас одамна видов дека го немаат“, додава тој.

Во крајот на реакцијата директорот порача дека власта е одговорност, која не се добива „со клевети и пазарџиски финти“, и дека народот веќе пресудил на изборите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!