MKinformer

your daily dose of news

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ НА БИТ ПАЗАР: Запленети 7.107 пиротехнички средства на Бит Пазар во акциска контрола на МВР

08/12/2025 14:44

Во акциска контрола насочена кон спречување на нелегалната трговија со пиротехника, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар денеска (08.12.2025) запленија вкупно 7.107 пиротехнички средства на влезот од скопскиот Бит Пазар. Средствата биле изложени на продажба на три импровизирани тезги.

Полицијата ги одзеде сите пиротехнички производи и презема мерки за идентификување на лицата кои ги продавале, по што ќе следи соодветна пријава.

МВР најавува дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, со цел целосно спречување на нелегалната продажба на пиротехника. Од Министерството апелираат до граѓаните да пријават доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, на броевите 112 и 192 или во најблиската полициска станица.

error: Содржината е заштитена од копирање !!