Сончев и топол ден пред нас, со утринска магла на одделни места
11/12/2025 10:11
Денеска времето во државата ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Според синоптичарите, во утринските часови на повеќе места е можно краткотрајно зголемување на облачноста, но во текот на денот таа постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб северен ветер.
Минималните температури ќе се движат од –2 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 12 и 17 Целзиусови.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината се очекуваат услови за појава на слаба магла, по што ќе следува сончев ден со умерена облачност и претежно тивко време. Температурите ќе се движат од утрински 1 степен до дневни 14 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат продолжување на периодот на стабилно и релативно топло време. Во ноќните и утринските часови ќе има појава на магла и повремено зголемена облачност, која преку ден ќе се намалува.




