MKinformer

your daily dose of news

ПРЕСМЕТКА СО РЕЗОЛУЦИИ: СДСМ со резулуција против мигранти, ВМРО-ДПМНЕ со резолуција против обвнувањата на СДСМ за мигранти

14/12/2025 21:29

По најавата на опозицијата за поднесување резолуција поврзана со мигрантската политика, владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави сопствена контра-резолуција, со која, како што велат, ќе се потврдат нивните политики против нелегалната миграција.

Пратеникот Никола Мицевски информираше дека документот ќе содржи девет точки, со кои ќе се утврди државната позиција, а меѓу нив ќе има и јасна осуда на, како што ги нарече, дезинформациите за наводно формирање мигрантски кампови низ Македонија.

Од СДСМ реагираа дека ваквата контра-резолуција всушност претставува потврда дека власта има договор за прифаќање мигранти во замена за финансиски средства, кој сега, според нив, се обидува да го легализира преку собраниска резолуција.

Во соопштението на СДСМ се наведува дека во текстот на предложената контра-резолуција стои оти таа „воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување“, но опозицијата обвинува дека станува збор за манипулација со термини.

„Ова е игра на зборови и обид за поинакво дефинирање на мигрантите. Не постојат легални и нелегални мигранти, туку луѓе кои ги напуштиле своите домови и побарале засолниште во други земји“, наведуваат од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, оцени дека изјавите на СДСМ за мигрантите создаваат страв и паника кај граѓаните и дека обвинителството треба да се позанимава со ваквите тврдења.

Дебатата за мигрантите во Македонија повторно се актуелизира откако британски медиуми објавија информации за можни разговори поврзани со нелегални мигранти и лица на кои им е одбиен азил. Македонија, како што е познато, е транзитна земја, а за време на бегалско-мигрантската криза низ неа поминаа речиси еден милион бегалци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!