Домашните власти негираат, Британија објавува детали: Кој ја зборува вистината?
07/12/2025 0:28
Додека македонската Влада брза да уверува дека „нема никаков договор“ со Велика Британија за прифаќање непожелни мигранти во замена за финансиски надомест, од Лондон пристигнуваат сосема поинакви информации.
Британски новинари и политичари објавуваат дека договор веќе постои, и тоа со конкретни детали кои сериозно ја доведуваат во прашање транспарентноста на домашните власти.
Според нивните наводи, мигрантите што нема да бидат примени во Велика Британија би се префрлaлe во Македонија, каде наместо во контролирани кампови, би се движеле слободно, би работеле и би започнувале „нов живот“. За вакво нешто Владата кај нас упорно молчи или демантира, иако меѓународни извори тврдат спротивно.

Овој потенцијален договор е во директен судир со политиките и вредностите на поранешниот претседател Борис Трајковски, човек кој токму преку ВМРО-ДПМНЕ промовираше високи стандарди во мигрантската и хуманитарната политика. За време на бегалската криза од Косово, кога Македонија прифати стотици илјади луѓе, државата беше под силен притисок да земе уште бегалци, а дел од меѓународната заедница неосновано ја критикуваше дека не прави доволно.
Тогашниот заменик министер за надворешни работи, а подоцна претседател, Борис Трајковски јавно реагираше на таквиот неправеден однос.
Денес, 25 години подоцна, изгледа дека Македонија повторно е вовлечена во сценарија кои се косат со принципите што тој ги бранеше.
Додека Владата продолжува со демантите, јавноста сè повеќе бара одговори:
- Дали навистина се преговара зад затворени врати?
- И што добива, а што губи Македонија ако биде претворена во отпад-зона за туѓи мигрантски политики?





