Променливо облачно со дожд и јужен ветер, температури до 15 степени
04/01/2026 10:59
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно, со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а на места и повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 до 7 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 8 и 15 степени Целзиусови.
Времето во Скопје
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до околу 2 степени, а дневната ќе достигне до 10 степени.
Прогноза за следните денови
Под влијание на циклонска активност, во наредните денови времето ќе остане променливо облачно и постепено потопло, со повремени локални врнежи од дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица, додека јужниот ветер ќе биде умерен до засилен. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе останат над нулата.




