MKinformer

your daily dose of news

Трајановски: Град Скопје призна колапс на ЈСП

10/01/2026 20:56

Членот на ЦК на ГРОМ Александар Трајановски, реагира на најавените измени на сообраќајниот план без одлука на Советот на Град Скопје

Јавниот превоз во Скопје е во очигледен колапс, а обидите на Град Скопје да го прикрие долгогодишното уништување на ЈСП преку импровизирани измени на возниот ред се директно признание за институционален неуспех. Ваква остра критика упати Александар Трајановски, член на Централниот комитет на ГРОМ, реагирајќи на последната објава на Град Скопје за промена на сообраќајниот план.

Според Трајановски, проблемот не е само во хаосот со автобусите, туку во начинот на кој градската власт се обидува да владее, со апсолутна моќ, без почитување на законските процедури и без одлука од Советот на Град Скопје.

„Кога признаваш колапс и девастиран јавен превоз, а истовремено се закануваш со кривична одговорност за самоволни измени на возниот ред – тогаш проблемот не е во службите, туку во самата власт“, реагира Трајановски.

Тој посочува дека градоначалникот нема мандат самостојно да носи вакви одлуки и потсетува дека функцијата подразбира спроведување, а не креирање политика без демократска контрола.

Особено симптоматично, според него, е оправдувањето со „лоши временски услови“ кои воопшто не постојат, но се најавуваат однапред, како алиби за состојба која е резултат на петгодишно занемарување и лошо управување со јавниот превоз.

„Дали постои одлука на Советот за ваква промена, или станува збор за импровизација, самоволие и противзаконско проширување на надлежностите?“, прашува Трајановски, оценувајќи дека апсолутната власт очигледно не трпи критика.

Реакцијата отвора сериозни прашања за законитоста на одлуките на Град Скопје, но и за одговорноста за состојбата во ЈСП, кое од јавен сервис прерасна во симбол на нефункционалност и хаос.

error: Содржината е заштитена од копирање !!