Пораз од фаворитот Данска: Македонија со добар отпор го отвори Европското првенство
16/01/2026 23:16
Македонската ракометна репрезентација со пораз го започна настапот на Европското првенство кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка. Светскиот и олимписки првак Данска беше пресилен и славеше со убедливи 36:24 (17:12) во преполната сала „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.
Иако конечниот резултат не оди во прилог на нашиот национален тим, Македонија имаше солидни и охрабрувачки моменти, особено во првото полувреме, кога успеа рамноправно да му се спротивстави на големиот фаворит. Сепак, во продолжението Данска го засили темпото и ја искористи својата ширина и квалитет за сигурна победа.
Кај данската селекција најрасположени беа Симон Питлик со девет и Матијас Гидсел со осум погодоци. Во македонскиот состав најмногу се истакна Мартин Серафимов со шест гола, додека Филип Кузмановски и Андреј Митев постигнаа по четири погодоци.
Македонија нема многу време за жалење, бидејќи следи нов важен предизвик. Вториот натпревар на шампионатот македонската репрезентација ќе го одигра в недела против Португалија, со почеток од 18:00 часот, во кој ќе се бараат првите бодови на Европското првенство.


![Македонија вечерва против Данска на стартот на ЕП: „Ќе се бориме 60 минути“ Navivaci-makedonska-reprezentacija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/Navivaci-makedonska-reprezentacija1.jpg)



