MKinformer

your daily dose of news

Нова ера во Венецуела: Делси Родригез најави масовна амнестија

31/01/2026 15:12

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, најави масовна амнестија и затворање на озлогласениот затвор Ел Хеликоиде, отворајќи го патот за длабоки политички реформи и подобрување на односите со Соединети Американски Држави.

Во говор пред Врховен суд на Венецуела, Родригез предложи донесување „општ закон за амнестија“ кој ќе го опфати целиот период на политичко насилство од 1999 година до денес. Таа истакна дека целта е „заздравување на раните“ создадени од децениските политички конфронтации.

По доаѓањето на власт, откако Николас Мадуро беше соборен пред неколку недели со поддршка на САД, Родригез започна серија реформи насочени кон демократизација и реструктуирање на правосудниот систем. Таа најави и национални консултации за воспоставување нов, независен судски систем.

Како дел од реформите, привремената претседателка објави дека затворот Ел Хеликоиде во Каракас ќе биде затворен. Објектот, кој организациите за човекови права го поврзуваат со тортура и злоупотреби врз политички затвореници, ќе биде пренаменет во спортски, културен и комерцијален центар за заедницата.

Одлуката предизвика силни реакции кај семејствата на притворените. „Ова е огромна радост. По шест месеци неизвесност, конечно има надеж“, изјави Бетси Орелана, мајка на притворен опозициски активист.

Родригез, поранешна потпретседателка на Мадуро, за помалку од еден месец донесе и закон за отворање на нафтениот сектор за приватни инвестиции, потег кој беше поздравен од американскиот претседател  Доналд Трамп. По оваа одлука, САД ги укинаа санкциите кон венецуелската нафтена индустрија и повторно воспоставија воздушен и дипломатски сообраќај со земјата.

Иако опозицијата изразува внимателен оптимизам, останува загриженоста дека дел од поранешните сојузници на Мадуро сè уште имаат значително влијание во институциите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!