MKinformer

your daily dose of news

Трамп потврди комуникација со властите во Куба за можна „зделка“ по апсењето на Мадуро

12/01/2026 11:56

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека американската администрација е во директна комуникација со властите во Куба за можна „зделка“, по американската воена операција во Венецуела, во која беше заробен поранешниот претседател Николас Мадуро.

– Наскоро ќе дознаете. Разговараме со Куба и многу брзо ќе се знаат деталите, изјави Трамп, одговарајќи на новинарско прашање за природата на договорот што Вашингтон го бара од Хавана.

Американскиот претседател најави и дека во одреден момент е можна средба со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, која моментално ги извршува претседателските функции по падот на режимот на Мадуро.

Од своја страна, Родригез изјави дека нејзината влада мора да ја задржи политичката власт со цел да се обезбеди стабилност и институционален континуитет во земјата, во чувствителниот период по промената на власта.

САД претходно соопштија дека по соборувањето на режимот на Мадуро, Куба повеќе нема да добива нафта и финансиска поддршка од Венецуела, упатувајќи јасен повик до властите во Хавана за брзо постигнување договор со Вашингтон.

error: Содржината е заштитена од копирање !!