MKinformer

your daily dose of news

Стојановски: 150 електрични автобуси, нови булевари и раст над 3%, економијата оди напред

06/02/2026 22:01

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија говореше за економските политики на Владата, капиталните инвестиции и очекуваниот економски раст во наредниот период.

Стојановски истакна дека по години загуби, јавните претпријатија се стабилизираат, а во соработка со Владата е обезбедена набавка на 150 нови електрични автобуси за ЈСП, како и 40 нови камиони за Комунална хигиена. Паралелно, Владата донела одлука за поддршка на општините со проекти во вредност од околу 325 милиони евра, со што, како што рече, се решаваат децениски инфраструктурни проблеми низ целата држава.

„Очекувам граѓаните секојдневно да ги гледаат резултатите од овие проекти. Во Скопје ќе добиеме комплетно нов булевар и прва подземна сообраќајница, што ќе биде сериозен исчекор во урбаниот развој“, нагласи Стојановски.

Тој додаде дека ќе продолжи политиката на зголемување на платите и пензиите, како и креирање нови работни места, со цел одржлив економски раст и подобар животен стандард. Според неговите проекции, економскиот раст ќе продолжи со стапка над 3%, додека инфлацијата ќе се стабилизира околу 2,5%.

Стојановски најави и финализирање на одлуките за десетина нови инвестиции, кои треба да донесат дополнителен економски импулс. Очекува годинава стапката на невработеност да се доближи до едноцифрена бројка, околу 10%.

„Нашата економска филозофија е јасна, беспоштедна работа, сигурност за граѓаните и конкретни резултати. Целта е секое семејство да почувствува придобивки од владините политики“, порача Стојановски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!