MKinformer

your daily dose of news

Во Скопје посебен режим на сообраќај од 12 часот

12/02/2026 11:36

Денеска со почеток од 12:00 часот, Сојуз на синдикати на Македонија ќе одржи протест пред Стопанска комора на Република Македонија, на крстосницата на улиците „Димитрие Чуповски“ и „Даме Груев“ во централното градско подрачје на Скопје.

Поради одржувањето на протестот, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Од Министерство за внатрешни работи на Република Македонија информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во центарот на градот, со цел непречено одвивање на настанот и безбедност на сите учесници.

Надлежните апелираат до граѓаните, учесници во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници.

error: Содржината е заштитена од копирање !!