КАРАМАН официјално призната македонска раса на куче
14/02/2026 20:37
Голема радост за македонската кинологија, кучето КАРАМАН и официјално е признаено како автентична македонска раса, по потврда од Fédération Cynologique Internationale.
Процесот за добивање кинолошка автентичност започнал уште во 1998 година, кога тогашните претставници Влатко и Марјан Костовски ја поднеле првата официјална документација за расата КАРАМАН. По речиси три децении работа, истражувања и верификација, македонскиот КАРАМАН, конечно го доби заслуженото меѓународно признание.
Радосната вест вечерва ја соопшти вклучувајки се ВО ЖИВО Претседателот на здружението МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ-МАКЕДОНСКИ КАРАМАН Илија Ико Каров, потврдувајќи дека КАРАМАН е заведена како официјална македонска раса.
Ова признание претставува историски момент за Македонија и силен поттик за зачувување на автохтоните раси, како и за понатамошен развој на домашната кинологија. КАРАМАН сега станува дел од светскиот регистар на признати раси, со што македонското куче добива меѓународна видливост и заштита.
„КАРАМАН“ отсега и формално е македонска гордост.






