MKinformer

your daily dose of news

Му го позајмил голфот на братучедот, овој го продал за 4500 евра

17/02/2026 17:21

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С. (40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Според информациите од полицијата, на 26 септември 2025 година пријавениот позајмил патничко возило „Фолксваген Голф“ од својот братучед. Наместо да го врати автомобилот, тој без знаење и согласност на сопственикот го продал на лице од Скопје за сума од 4.500 евра.

Со тоа, како што информираат надлежните, осомничениот противправно се стекнал со парични средства, при што на сопственикот му била нанесена материјална штета.

Против него е поднесена соодветна кривична пријава, а за понатамошниот тек на постапката ќе одлучува надлежното обвинителство.

error: Содржината е заштитена од копирање !!