Дел од центарот на Скопје вечер без вода: Прекин од 20:30 часот поради дефект на „11 Октомври“
25/02/2026 18:51
Дел од корисниците во централното градско подрачје вечерва ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 20:30 часот, на потегот од булевар „Крушевска Република“ до Рампа.
Причина за прекинот е дефект на водоводна мрежа на улица „11 Октомври“ без број.
Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде во прекин сè до целосно санирање на дефектот. На терен се очекува да работат екипи за отстранување на проблемот, по што снабдувањето со вода ќе биде нормализирано.
Граѓаните од засегнатиот реон се повикуваат навреме да обезбедат потребни количини вода за основни потреби додека трае интервенцијата.




