МВР со детали за сообраќајката кај Соборна: 23 годишник удрил во канделабар, жардиниера и метален ормар
03/03/2026 11:30
Полицијата излезе со детали за сообраќајната несреќа што се случи доцна синоќа во центарот на Скопје, на крстосницата меѓу булеварите „Партизански Одреди“ и „Св. Климент Охридски“.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 02.03.2026 година во 22:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (23) од скопско, излетало од коловозот.
Возилото удрило во канделабар, жардиниера и метален ормар.
Во несреќата нема повредени лица, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.




![Три сообраќајки со тешко повредени лица во еден ден – повредени млади возачи во Гостивар, Охрид и Кратово policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)

