Путин со честитка за 8 Март: Жените го прават светот подобро место
07/03/2026 23:26
Рускиот претседател Владимир Путин им упати честитка на руските жени по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, истакнувајќи ја нивната улога во семејството, општеството и професионалниот живот.
Во својата порака, Путин нагласи дека женската мудрост, сочувствителност и сила имаат значајна улога во создавањето подобар свет.
„Дарежливата, сочувствителна и навистина мудра женска душа го прави светот подобро место, а мајчинската љубов останува во срцето на секој човек цел живот, греејќи ги и давајќи им сила во најтешките моменти“, изјави рускиот претседател.
Тој истакна дека жените поседуваат исклучителна сила на карактерот, силна волја и лидерски способности кои им овозможуваат да постигнуваат значајни резултати во професионалниот живот.
„Жените успеваат во сè, да бидат сакани мајки, независни, убави и силни“, нагласи Путин.
Рускиот претседател упати и посебна порака до жените кои ги извршуваат своите задачи во зоната на специјалната воена операција, посочувајќи дека тие покажуваат храброст и посветеност кон татковината.
Во честитката, Путин им посака на жените здравје, среќа и благосостојба, како и успех во сите животни и професионални предизвици.






