Уапсен тетовец: 15 годишно девојче живеело кај него без контакт со родителите
08/03/2026 19:05
Полицијата во Тетово уапси 32-годишен маж откако мајка пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка живее кај него и дека не ѝ било дозволено да комуницира со своите родители.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 07.03.2026 година во 15:20 часот на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.М. (32) од Тетово.
Апсењето следувало по претходна пријава од 37-годишна жена од Тетово, која во полицијата пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка живее со осомничениот и дека тој не ѝ дозволувал да стапи во контакт со родителите.
Од МВР информираат дека по приведувањето се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Надлежните институции ќе продолжат со истражните активности за утврдување на сите околности поврзани со настанот.






