MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно време со слаб дожд, температури до 16 степени

09/03/2026 9:21

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со можност за слаб локален дожд во западните делови во утринските и претпладневните часови.

Во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 1 до 6 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 11 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Во делови од котлината претпладне ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе се движат од минимални 6 до максимални 15 степени.

Според прогнозата, во наредните денови се очекува период на претежно стабилно време. Утринските часови ќе бидат постудени, додека преку ден ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!