MKinformer

your daily dose of news

Прво обаќање на Моџтаба Хамнеи: Ќе се одмаздиме за „целата иранска крв што е пролеана досега“

12/03/2026 18:09

После бројните шпекулации и различни сценарија за неговата состојба, новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, ја испрати својата прва јавна порака по изборот за наследник на неговиот татко.

Во изјава емитувана на Ал Џезира, Хамнеи порача дека Иран сака да ги зачува односите со соседните земји, но истовремено нагласи дека нападите врз американските бази во регионот ќе продолжат.

Тој истакна дека, според позицијата на Техеран, иранските сили дејствуваат исклучиво против американски воени цели, а не против соседните држави. Во пораката беше нагласено и дека Иран нема намера да се повлече од одмаздничките активности за, како што беше наведено, злосторствата извршени од непријателот.

Со остар тон, Хамнеи порача дека нема да има двоумење кога станува збор за одмазда за пролеаната иранска крв, најавувајќи дека Техеран ќе одговори на секој удар.

Во обраќањето тој посочи и дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен, додека до соседните држави беше испратена порака дека пријателските односи ќе се одржуваат, но американските бази во регионот, според иранската позиција, остануваат легитимна цел.

Хамнеи порача дека иранските сили веќе ги погодиле слабите точки на противникот и оценил дека со тие удари е разбиена претпоставката дека Иран може лесно да биде притиснат или изолиран.

Во неговата изјава посебно место доби и таканаречениот Фронт на отпорот, кој беше претставен како дел од основните вредности на Исламската револуција. Тој најави дека, доколку воената состојба продолжи да се влошува, може да се отворат и нови фронтови.

На крајот од обраќањето, Хамнеи упати благодарност до сојузниците од Фронтот на отпорот, посочувајќи дека тие остануваат блиски партнери на Иран во актуелниот конфликт.

error: Содржината е заштитена од копирање !!