MKinformer

your daily dose of news

РЕК Битола доби пензинер за нов директор, разрешен Тони Петрушевски

12/03/2026 23:44

РЕК Битола доби нов директор. На чело на најголемата термоелектрана во земјата е поставен пензионерот Иван Куковски, додека Тони Петрушевски е разрешен од функцијата.

Промената била направена пред два дена, според објавените информации.

Петрушевски беше назначен за директор на РЕК Битола по промената на власта во 2024 година. Тој дојде од приватниот сектор како дипломиран машински инженер.

Воедно, важеше и за прв скопјанец кој седнал на директорската позиција во термоелектраната.

Според информациите, Петрушевски сепак останува во компанијата. Наместо директорска функција, тој ќе биде помошник во кабинетот на генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев.

Оваа промена доаѓа откако во јануари Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување координатори во двата клучни енергетски капацитети во државата.

Тогаш, за координатори со целосни овластувања за раководење беа именувани Иван Куковски во РЕК „Битола“ и Владимир Пејоски во РЕК „Осломеј“.

Од ЕСМ тогаш соопштија дека овие мерки се преземаат за да се забрзаат инвестициските планови. Дополнително, целта била да се засилат активностите за стабилно производство на електрична енергија во зимски услови.

РЕК Битола е еден од најважните енергетски капацитети во земјата. Затоа, секоја кадровска промена во комбинатот привлекува големо внимание.

error: Содржината е заштитена од копирање !!