MKinformer

your daily dose of news

Падна плафонот во Центарот за култура во Битола

03/04/2026 19:15

Дел од плафонот попуштил во Големата сала на Центарот за култура во Битола. Инцидентот бил навреме забележан и веднаш саниран, така што нема повредени лица ниту, пак, опасност за посетителите на оваа културна институција.

Проблемот го предизвикале шајчиња од 40 милиметри

Според официјалните информации, оштетувањата се појавиле на плафонската конструкција. Директорот на установата, Сашо Илковски, кој раководи со Центарот во изминатите осум месеци, изјави дека проблемот најверојатно настанал поради начинот на прицврстување на плафонските елементи.

„Плафонските елементи биле прицврстени со шајчиња од 40 милиметри за внатрешната дрвена конструкција, што најверојатно придонело за нивното попуштање“, посочил Илковски.

Започнува санација: Денес или утре

Од Центарот за култура веднаш презеле конкретни чекори за санација на проблемот.

„Се пристапи кон отстранување на десетина иверици од внатрешноста. Од вчера почнавме да истражуваме кои компании ќе можат да го санираат. Денес или утре ќе започне санацијата“, изјавил директорот.

Илковски додал дека, според информации од вработените, слични проблеми со плафонот се појавувале и во минатото, во два наврата, но тогаш биле санирани.

Настаните привремено се одложени

Поради настанатата состојба и од превентивни причини, сите настани во Центарот за култура во Битола привремено се одложени. Институцијата ќе продолжи со својата програма откако целосно ќе се заврши санацијата на плафонската конструкција и ќе се обезбедат сите безбедносни услови за посетителите и вработените.

error: Содржината е заштитена од копирање !!