MKinformer

your daily dose of news

Нови правила за влез во ЕУ од денеска: Наместо печат во пасош, податоците за влез и излез ќе се евидентираат дигитално

14/04/2026 12:14

Нови правила за влез во ЕУ од денеска почнуваат целосно да се применуваат на аеродроми, пристаништа и копнени гранични премини низ Европа. Системот познат како ЕЕС, кој ќе го менува начинот на контрола на патниците што не се државјани на Европската Унија.

Со новиот систем, наместо печат во пасош, податоците за влез и излез ќе се евидентираат дигитално. Тоа ќе важи за патници од земји надвор од ЕУ. Патниците ќе можат во Шенген зоната за краток престој да престојуваат до 90 дена во рамки на 180 дена.

Од Европската Унија велат дека кога системот работи без проблем, за регистрација на влез или излез во просек се потребни околу 70 секунди. Сите земји членки, според ЕУ, претходно ја потврдиле својата подготвеност за негово воведување.

Нови правила за влез во ЕУ ќе важат во 29 шенгенски земји. Исклучок се Ирска и Кипар, кои не се дел од овој систем. Системот ќе ги опфати и патниците на кои им е потребна виза и оние што се ослободени од визен режим.

Новите процедури значат и дополнителни проверки на граничните премини. Патниците ќе треба да даваат отпечатоци од прсти и да поминуваат низ скенирање. Кај дел од нив веќе создава нервоза поради можни гужви и подолго чекање.

Од ЕУ најавуваат дека во текот на летната сезона земјите членки ќе можат привремено да ја суспендираат примената на системот ако се појават големи застои на границите. Но, таа можност ќе важи само до септември.

Според досегашните податоци, со новиот систем веќе биле регистрирани 45 милиони влегувања и излегувања. На 25 илјади патници им бил одбиен влез во некоја од земјите на ЕУ, а околу 600 лица биле означени како безбедносен ризик.

error: Содржината е заштитена од копирање !!