Софија Куновска: Ова раководство на партијата секој ден го потонува СДСМ, можат ли повеќе?
30/04/2026 13:15
Актерката и поранешна претседателка на градскиот одбор на СДСМ за Скопје, Софија Куновска, упати остра критика до актуелното раководство на партијата.
Во објава на социјалните мрежи, Куновска порача дека секојдневно се прашува дали партијата може уште повеќе да тоне. Според неа, актуелното раководство на СДСМ продолжува да ја води партијата во сè подлабока криза.
„Секојдневно се прашувам, можно ли е ова раководство уште подолу и подолу да го тоне Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За жал уште и уште имало…“, напиша Куновска.
Нејзината објава доаѓа во период кога во јавноста сè почесто се отвораат критики за состојбите во СДСМ и за насоката во која се движи партијата.






