MKinformer

your daily dose of news

Автомобил излета од патот на автопатот Скопје–Велес, шест лица извлечени од тешко достапен терен

01/05/2026 10:04

Патничко возило излетало од патот на автопатот Скопје–Велес, кај местото „Манастири“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, веднаш по пријавата на местото биле упатени полициски службеници од Мобилната единица на МВР. На тешко достапен терен тие пронашле патничко возило „сеат“, управувано од К.С. (68) од Велес.

Во автомобилот имало уште пет сопатници. Во акцијата за спасување се вклучиле и екипа од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, три екипи на Итната медицинска помош од Скопје, како и екипа на ЈП „Македонија пат“.

Возачот и сопатниците биле успешно извлечени од возилото. Потоа биле пренесени во Ургентниот центар во Велес, каде им била укажана медицинска помош.

Од МВР информираат дека сите лица се надвор од животна опасност. Според полицијата, навремената реакција на службите била клучна за успешното спасување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Надлежните апелираат до возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и брзината да ја прилагодат на условите на патот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!