Дел од Кисела Вода денес без струја
11/05/2026 8:34
Дел од улицата „Јустинијан Први“ во Општина Кисела Вода денеска ќе остане без електрична енергија поради зафати во електродистрибутивната мрежа.
Од ЕВН Македонија АД информираат дека прекинот е планиран во периодот од 08:30 до 14:30 часот.
Станува збор за техничка интервенција на мрежата, а од компанијата посочуваат дека снабдувањето со струја ќе биде нормализирано по завршување на активностите.




