„Крузерот на уасот“ пристигна во Ротердам, екипажот во карантин
18/05/2026 12:41
Крузерот со хантавирус пристигна во Ротердам: Екипажот во карантин, тројца починати
Бродот стигна на дезинфекција
Крузерот „МВ Хондиус“ (MV Hondius) , на кој изби епидемија на хантавирус, пристигна денеска во холандското пристаниште Ротердам за дезинфекција.
Со тоа заврши патувањето кое ги крена меѓународните здравствени власти во состојба на тревога.
Кој е на бродот?
На бродот за крстарење што доплови до Ротердам се наоѓаат 25 членови на екипажот и медицински персонал. Сите патници слегле на други места.
За сите од бродот веднаш започнува карантин.
Тројца починати
Од избувнувањето на епидемијата, тројца патници кои биле на бродот починале.
Меѓу нив е и холандскиот пар за кој здравствените службеници веруваат дека прв бил изложен на хантавирусот за време на посетата на Јужна Америка.






